Деновиве излезе од печат поетската книга „По трагата на белиот грифон“ од Стефан Марковски, издание на издавачката куќа „Антолог“ од Скопје.

стефан марковски по трагата на белиот грифон

Рецензентот доц. д-р Славчо Ковилоски во својот осврт кон ова 5-то поетско остварување на Марковски истакнува:

„Ако обичниот смртник го замислува Бог како натчовечко и натприродно битие, тогаш тој е свесен за својата ништожност. Богот (било кој) е супериорен во однос на кутрото човечуле од сите аспекти. Тоа може да значи дека и некој друг (смртен) кој во очите на простосмртниот поседува извесен број моќи (ова се однесува, пред сѐ, на оружјето), може да изгледа како Бог. Меѓутоа, Марковски уште на почетокот го надминува стравот од невидливата сила, со оглед на тоа што тој ја утврдува нејзината телесност. И не само тоа, тој јасно ни соопштува каква е и од каде доаѓа таа во песната според која е именувана и самата поетска збирка: Во тело на ѕвер-полубог се капат империјални сенки на хтонските сили.“

Збирката вклучува 45 песни без циклуси на шеесетина страници и е вклучена во едицијата „Огнови“.

 

Корица - финална

Comments

comments