Во промотивната сала на Саемот на книгата во Скопје, вчера беше промовирана поемата „Судбината на буквите “од Мирјана Стојановска, во издание на Здружението за наука и култура „Нова“ од Битола.  Книгата ја промовираше писателот Христо Петрески.

мирјана стојановска

Поемата содржи десет пеења-светлини и секоја ги носи буквите од името „Македонија“: М-прва светлина, А-втора светлина, К-трета свтлина итн.  Нешаблонизирано патриотски, како зрел и кохерентен поетски ракопис, поемата гради филозофско-мисловни трактати и поставува современи егзистенцијални прашања за нашата земја, за јазикот и кирилското писмо. Движејќи се низ времето, низ историјата, поемата создава повеќе слоеви и кодови кои избиваат со поетска светлина.

Инаку, оваа е седма поетска книга на Мирјана Стојановска: „Хроносот на зборот“, „Двобој со тишината“, „Заѕидана врата“, „Крст, триаголник и круг“, „Џез во двокреветна соба“, „Бегалци од својот дом“. Таа беше прв претседател на жените писателки  при ДПМ. Нејзината поезија е преведена на повеќе јазици.

Comments

comments