Еволуцијата на женскиот оргазам

Еден од позначајните сексуални феномени за кои се’ уште не постои целосно убедлива согласност во научните кругови од аспект на еволуцијата е женскиот оргазам.

Општоприфатено е гледиштето дека истиот како појава е поредок одошто оргазмот кај машките единки, а доколку на ова ја додадеме комплексноста на постигање на женскиот оргазам во споредба со машкиот, би можело да произлезе дека повеќето негови карактеристики настанале по урнек на вториов, што е случај со некои досегашни теории.

Меѓутоа, истражувачите сметаат дека да се заклучи единствено дека женскиот оргазам е еволуциски нуспроизвод на машкиот, појавен како резултат на стратегијата на трансеволутивното полово имитирање, само делумно би го доловило одговорот на ова прашање.

Така, без оглед дека најчесто женскиот оргазам е постигнат со клиторална стимулација, причината за истиот може да се гледа, како и машкиот оргазам, во функција на сексуално задоволување, доколку го земеме предвид степенот на задоволство кој жената би го почувствувала за време на оргазмот, кој е повисок споредбено со степенот на задоволство кај машкиот оргазам. Следствено, од статистички аспект може да се искаже дека оргазмот жената го усвоила како релативно „несигурна“ во тој поглед, еволутивна тактика со хедонистички цели.

Од друга страна, при спонтаните сексуални односи какви што се најчесто во природата мошне често и не доаѓа до клиторална стимулација, а не треба да се заборави и на бројните насилно извршени сексуални односи кои кај луѓето биле вообичаени до општествената регулација на односите меѓу мажите и жените.

Од друга страна, според некои, значајна е и улогата на женскиот оргазам во насока на прибирање на ејакулатот назад кон матерницата со цел зголемување на сигурноста за оплодување што секако реферира кон еден егзистенцијално значаен аспект.

Related Posts

Поддржете не' со клик на Like копчето ↓

Ни значи вашата поддршка 🙏🧐


This will close in 59 seconds