На 21 декември 2020год. – Јупитер и Сатурн ќе се спојат на небото, ова се случува еднаш во 800 години

Хрватското астрономско здружение објави дека на 21 декември 2020 (зимска краткоденица), на небото ќе се случи многу блиска врска на Јупитер и Сатурн, ќе бидат во скоро иста точка, одделени едни од други со само 0,1 (1/10 степен), т.е само 6 лачни минути.

Гледано од земјата, Јупитер и Сатурн ќе се усогласат и навидум ќе се приближат еден до друг на небото, што се случува на секои 19,85 години, имајќи предвид дека за да кружат околу Сонцето, на Јупитер му требаат 11,86 години, а на Сатурн 29,4 години.

Последното зближување се случило на 28.05.2000 година, но бидејќи Јупитер и Сатурн беа многу близу до правецот на сонцето, поради силната сончева светлина беше оневозможено да се види нивниот спој.

Последниот ваков близок спој се случил на 4 март 1226 година.

Каде и кога да се погледне врската меѓу Јупитер и Сатурн?

Сонцето заоѓа на 21 декември околу 16 часот и 25 минути, а најдобро време за набљудување на Јупитер и Сатурн ќе биде од 16:30 до 18 часот кога ќе бидат на небото ниско на југозапад.

Преку телескоп ќе можат да се видат четирите најголеми месечини на Јупитер, Јо, Европа, Ганимед и Калисто и најголемата Месечина на Сатурн – Титан, додека пак гледано со голо око ќе изгледа како да Јупитер и Сатурн се споиле.

Не пропуштајте го овој феномен што се случува еднаш на 800 години. Отворете го прозорецот од вашиот дом или излезете надвор во периодот околу 16:30 до 18 часот и гледајте во небото!

Related Posts

Поддржете не' со клик на Like копчето ↓

Ни значи вашата поддршка 🙏🧐


This will close in 59 seconds