Во четврток ќе се одржи новогодишен концерт на Филхармонија

Насловот на последниот концерт (за 2020 год.) на Филхармонија гласи: „Нова година – нов почеток“ и претставува вистински спој на традицијата, класиката и џезот. 

Концертот ќе се одржи во четврток, а се реализира во соработка со ЗЏМ.

Диригент: Џијан Емин ; Солисти: Џон Илија Апелгрен, Сара Мејс, Дејан Бобиќ, Полина Тасева и Калина Велковска.

Новата сезона на Филхармонија се отвори на 3 септември, под наслов „Звук на два метри“, а до крајов на месецов (во редовна програма)  во Камерната сала беа реализирани 16 концерти.

Уште од почетокот на пандемијата на Ковид – 19 во Филхармонијата (прва институција од областа на културата) беа реализирани, а и сè уште се реализираат концерти со сите протоколи за заштита. Во наредната сезона ќе има уште многу настани кои ќе можат да се проследат и онлајн, како дел од навиките со кои живееме во ова време.

Директорката на Филхармонија, Тина Иванова вели: Животот не би имал смисла без музика, затоа и Филхармонија не престана да работи од самиот старт на новата сезона. Одржавме голем број на концерти, симфониски, камерни, рецитали, сите организирани под најстроги критериуми, но сите до еден, со одличен фидбек од страна на музичката јавност.

За крај додава: Здравјето е најбитно, а тоа се чува и со консумирање на квалитетна музика.

Related Posts

Поддржете не' со клик на Like копчето ↓

Ни значи вашата поддршка 🙏🧐


This will close in 59 seconds