100-годишнина од смртта на Марко Цепенков

Голем е бројот на македонските преродбеници кои го негувале народното творештво, се бореле и пишувале за состојбата на народот во XIX и XX век, меѓу кои особено место зазема Марко Костов Цепенков – еден од најголемите собирачи и раскажувачи на народни умотворби, автор на најдолгата македонска народна приказна „Силјан Штркот“, на драмата „Црне војвода“ и на многу песни.

Починал на 29 декември 1920, a на утрешниот ден (29 декември 2020 год.) се одбележуваат точно 100 години од неговата смрт, па по тој повод ќе се одржи онлајн промоција на „Автобиографијата“ (адаптирана на современ македонски јазик) на Марко Цепенков, во 19 часот на фејсбук-страницата на „Литература.мк

Во ова издание на „Автобиографијата“ направени се неколку адаптации од оригиналниот текст: неговиот прилепски говор е осовременет, според правилата на стандардниот литературен јазик, а текстот е поделен на поглавја за да се олесни процесот на читање. Изданието содржи и поговор од проф. д-р Наташа Аврамовска од Институтот за македонска литература при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“

Ведран Диздаревиќ е уредник на новото издание на „Автобиографијата“, кој ќе биде и модератор на онлајн-настанот, додека осврт на делото и на опусот на Цепенков ќе даде проф. д-р Славица Србиновска од Катедрата за општа и компаративна книжевност при Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ – Скопје.
 

Поддржете не' со клик на Like копчето ↓

Ни значи вашата поддршка 🙏🧐


This will close in 59 seconds