Оваа 2020 година не беше годината во којашто добивме

сè што посакавме и сè за што мечтаевме.

Многу планови моравме да промениме.

Моравме да се научиме и како да го промениме нашиот живот.

Моравме да се соочиме со тешките предизвици кои стоеја пред нас.

Од многу нешта кои вообичаено ги правевме, моравме да се откажеме.

Но, со сигурност тоа беше годината којашто нè научи да го цениме сето она што го имаме.

Да научиме дека здравјето е најголемото богатство.

И да продолжиме храбро да чекориме кон посветла и поубава иднина.

Нека љувовта ни ја осветли душата и да ни ја исполни со најубави чувства.

Да станеме помудри и подобри личности од тоа што бевме вчера.

Со огромен чекор да исчекориме и да ги оставиме зад себе сите непријатни работи што ни се случија.

Но, никогаш да не ги заборавиме на тоа што нè научија.

Со почетокот на Новата година да ја оствариме надежта за подобро утре.

Бидете живи и здрави, пријатели!

Related Posts

Поддржете не' со клик на Like копчето ↓

Ни значи вашата поддршка 🙏🧐


This will close in 59 seconds