Ќе се одржи филмски фестивал на остров

Со оглед на пандемијата на ковид – 19, голем дел од културните настани беа целосно откажани, а дел се одржаа преку онлајн платформи. Пријавувањата за учество на настани сè уште продолжуваат онлајн, како и во Шведска, пријавувањето за филмскиот фестивал е онлајн, но интересно е што во Гетеборг дојдоа до една нова идеја за организирање на филмскиот фестивал.

Организаторите одлучија фестивалот да се одржи на изолиран остров „Патер Ностер“ каде што избраните гости – љубители на филмската уметност ќе имаат можност да ги гледаат филмовите за време на седумдневниот престој од 30 јануари до 6 февруари.

Уметничкиот директор на фестивалот – Џонас Холмберг вели:

  • „Престојот на островот ќе биде совршено безбеден. Секое лице ќе има обезбедено мек кревет. Ова не е борба за преживување“
  • Храната ќе им биде безбедена и гостите нема да платат ништо за ова искуство.“
  • Поради безбедносни причини, посетителите нема да бидат целосно сами, туку ќе има уште една личност што ќе престојува на островот, но притоа ќе ја одржуваат дистанцата.“

Ова ќе биде интересна можност и незаборавно иксуство за вистинските љубители на филмската уметност за кои изолацијата на остров со филмови е вистинско уживање и одлична можност за раскажување на ова филмско искуство.

Related Posts

Поддржете не' со клик на Like копчето ↓

Ни значи вашата поддршка 🙏🧐


This will close in 59 seconds