Каков е тој ограничен ресурс што не ви дозволува да живеете нормален живот?

Вонземјаните решиле да испратат на Земјата еден нивни претставник за да ги стави и запише Земјаните на ,,Листата на разумни цивилизации,, .

Кога дошол на Земјата претставникот на вонземјаните решил да им постави неколку прашања на Земјаните:

Зошто при изобилие на земја, вода и светлина, многу луѓе на Земјата умираат од глад?

-Затоа што нема пари! – одговориле.

Зошто при вашите толку многу можности има многу бездомни луѓе?

-Нема доволно пари! – рекле Земјаните.

А, зошто ја загадувате и ја уништувате вашата планета?

-Немаме доволно пари за да ги организираме работите на друг начин.

Зошто имате толку многу луѓе кои не можат да отидат во болниците да се лекуваат?

-Парите не ни се доволни!- повторно рекле Земјаните.

Каков е тој ограничен ресурс што не ви дозволува да живеете нормален живот? Можеме ли некако да ви помогнеме да си го доставите од други планети? И, како воопшто се здобивате со тој ресурс?

Тогаш, Земјаните збунето погледнале и одговориле:

-Нема потреба да го доставуваме од други места, ние сами си ги печатиме парите.

Тогаш, претставникот на вонземјаните ги пречкртал Земјаните од списокот на разумни суштества.

Related Posts

Поддржете не' со клик на Like копчето ↓

Ни значи вашата поддршка 🙏🧐


This will close in 59 seconds