Author Archives: Стефан Марковски - Page 161

image-1155

Јас, ти и нашата реалност

„Сè се одвива на сите можни начини со сè. Можното и замисливото се исто, но и различно. Секое нешто е дел и целина. Бесконечно мало и големо е. Исто со секое друго нешто, а различно. Безвремено, а временски определиво. Предвидливо и непредвидливо, на совршено егзактен, веројатносен и непостоечки начин. Со и без сетила. Поседува и не поседува секаков вид свест; сонува и ...
Continue Reading »
image-1089

Перспективите на вештачката интелигенција и сингуларитетот според Реј Курцвел

  Филозофијата со своите дисциплини од една, како и генерализирачките општественонаучни дисциплини, од друга страна, оправдано може да се очекува дека во иднина би се „претопиле“ во егзактизираната наука. Во спротивно, опстанокот во нивниот досегашен облик би подразбирал сеопшто намалување на нивното резултантно влијание врз цивилизациската егзистенција, како и специјално применување на неегзатното мнение во конкретно ...
Continue Reading »
image-1083

Логиката на вештачката интелигенција

  Првите системи со вештачка интелигенција се конструирани така да во извесна смисла го имитираат начинот на кој човекот ги решава проблемите со различна природа: дедуктивен и втемелен на резонирањето чекор-по-чекор: проблемите со посложена природа се разложуваат на поголем број елементарни проблеми, така што брзината на нивното решавање е одредена од техничките квалитети со кои располагаат ...
Continue Reading »
image-1072

Краток историјат на вештачката интелигенција

За создавањето на првиот програмабилен дигитален електронски компјутер по Втората Светска војна, денес со сигурност би искажале дека е навистина фундаментален пресврт во креирањето на нивната основа, и рецепцијата на можностите со кои располагаат сметачките машини создадени од човековиот генијален ум. За појавата на овој прв електронски сметач со можност за интерактивно проследување на програмските информации ...
Continue Reading »
image-1044

Препорака: „Постоење“ (Existence) – Дејвид Брин

Бројот на цивилизации е неопределив, можеби станува збор за милијарди, можеби за ниту една. Сепак, ако ја застапуваме првата варијанта како конечен одговор на прашањето за вонземски живот, чија е вината заради која не сме стапиле во контакт со суштества од други светови? Која е тајната на постоењето и дали човештвото некогаш навистина ќе ја ...
Continue Reading »
Please support the site
By clicking any of these buttons you help our site to get better