Author Archives: Константин Карев

image-22448

Парадоксот на Пинокио

Парадоксот на Пинокио: Дали ќе му расте носот на Пинокио ако тој изјави: „- Сега мојот нос ќе порасне„? Јас мислам вака: 1. Кажува лага затоашто носот нема да му расте сам по себе; 2. Поради кажаната лага носот ќе му расте. Лагата била лага во моментот на кажување. Други размислувања?
Continue Reading »
image-22438

Дела и недела – Constant in

Дела и недела - Constant in Дали си ангел или ѓавол? Дали си Богот од кого чекам поткрепа? Како да знам кога молчиш? Како да знам, кога тој што не си ти, се претставува во твое име? Toj го има твојот лик, твоите зборови ги зборува, со очите толку заводливо ја покажува душата што ја нема. Како да знам кога со туѓа ...
Continue Reading »
image-22424

Вечност

Седевме и го броевме времето: Тој додаваше, јас одземав; Тој додаваше многу, јас одземав колку можев. Дури на крајот сфатив дека сè што имав - ми беше позајмено, дадено на користење, времено. Сè што мислев - беше веќе мислено. И сè што живеев - беше веќе некаде, од некого живеено. Дури и воздухот што го дишев, беше вдишуван и издишуван неколку милијарди пати. Ја газев истата ...
Continue Reading »
image-22386

Македонска ненародна (ненационална) телевизија

Ете, смислив ново име за фирмата што преку јавната давачка за радиодифузија ни цица од домашните буџети. Се работи за МРТ или МРТВ, или македонското МТВ, Македонска радио-телевизија, или пак Македонска национална телевизија, како што сакаат да се нарекуваат. Нема да навлегувам во тоа колку таа телевизија е професионална, дали има преку мера вработени работници ...
Continue Reading »
Please support the site
By clicking any of these buttons you help our site to get better