Tag archives for бале ендемион

image-26324

Одисеја на (зад)заумното – Осврт кон „Долу над небото“ од Блаже Петрески

Словото на Блаже Петрески (Охрид, 1987), врзувајќи стих со стих во нераскинлива нишка налик јаже од темјанов дим, уште во првата песна, манифестно, низ ритуално пиење вино на Бахус кое зборува преку устата на Исус прогласува нова епоха преку сопственото поетско откровение, кое не може да постои на друг начин освен во вид на свеченост ...
Continue Reading »
image-25472

Талкач – Бале Ендемион

Со изгорен стремеж талкањата беа кога повикуваше крвта да се слави по течението на тротоараот од јаглен кој огнот го крие во подземен амбис и тогаш те допре птицата плачна радоста в клун ја носеше тажна веруваше дека невербата е верба опиен од песни на мртвите јата го кинеше небото со погледот светол и посака флејта од светлосен бигор да пее за смртта тој живот ...
Continue Reading »
image-25439

Далечно тело (поезија)

Удирај ѕвоно во дивата немост на ретките звуци опиена занес за усните сласт си за бакнежот порој о како се топат ладните тела во огнот кој лади и топли дланки на незнен патник во далечно тело ќе облече љубов оти страста е таа во која се капи ланскиот копнеж и ќе заљуби љубов за љубов да љуби да страда со мисла облечена в сласти и ...
Continue Reading »
image-25407

Градот (расказ) – Бале Ендемион

Градот беше мртов, а од таа гробна тишина испливуваа звуци на површината на асфалтот. Мојот вечно заматен поглед може да перцепира крици и со задоволство да ги наслушнува. Ушите ме притискаат, како две комети да се судриле во шуплината на моето ушно тапанче. Глупости. Ретко кога бев буден. Тринаесет години полусвесно или подобро речено несвесно го вкусував ...
Continue Reading »
image-25404

Бале Ендемион – Писмо (поезија)

Празно е овде во стариот храм под правта на светите списи од вчера молчат јунаците премногу гласно тажни се нивните радосни дела неми и тмурни мислите гледам горат во огнот на вечните води бистри ко пепел од свежина чиста врамена во бледите зеници на Христа.
Continue Reading »
Please support the site
By clicking any of these buttons you help our site to get better