Tag archives for стихови

image-26697

Безвучна нота – Наталија Наумовска

Зборуваме преку ноти што свират непозната мелодија, досега ненапишана, од човечки глас неиспеана од уво нечуена. Безвучната нота спие на клавишите од пијаното и чека да биде обоена, во звучно руво облечена од прсти создадена. Свиреж од безгласни емоции заспан на старата клупа, кај што се чекаше невидливото кај што се надеваше на идното, а остана само нема музика. Татнеж од зборови грмеше речени – недоречени кои што печеа и сушеа грло, грутки ...
Continue Reading »
image-26359

Еден ден, одамна сонет ден

Сивилата на градот убав понекогаш недогорен сон се в очи на разгракани гаврани размавтани налик пеперуги што точат бели рува никнати од пена на водопад и ги прават облаци за пак да го видиме детството со очи што во лицето на остарениот поет ги читаат брчките.   Смисла втисната во мечти што личат на магли од ауспуси откриваме секогаш кога ќе ѕирнеме подлабоко и кога ...
Continue Reading »
image-26337

Носталгија

Зад планини и ридови, зад поминати неповторливи денови, се кријат јадеж за младост и копнеж за радост. Натежнале годините, нараснале грижите, остареле дрвјата, осамиле клупите во паркот, се покриле прозорците со прашина, жедни за светлина. Патување со мислите, во блиски, а толку далечни дестинации, во изживеани спомени и неповратни времиња. Брчка на челото, знак на изминато минато, бела коса, огромна животна мудрост, слави ги и вреднувај ги. Зад планини и ридови, зад поминати неповторливи денови се кријат ...
Continue Reading »
image-26330

Најтажната песна на светот

Душава што ја пее и убива оваа тага во себе што ја сокрива, и темнина што ја покрива, и пак наутро во весела се преоблекува. Ноти што не се свират, в срце длабоко продираат, оган и вулкан запалуваат, ноти што не се допеваат. Душава што пее, никој не испеал, скромни песни од солзи и чемер со јад и немир збрани во исти кавал, со тивок крик ...
Continue Reading »
image-26219

Таа ме научи

И кога би имал можност повторно да се родам, јас пак би ја одбрал неа затоа што ме научи дека трпеливост не е веќе непознат поим, дека среќа е секогаш кога успевам да ја насмеам, дека далечината не се брои во километри туку во часовите на осаменот кога таа ми недостига дека соништата можат да станат јаве само ако цврсто веруваш во нив, дека болката ...
Continue Reading »
1 2 6
Please support the site
By clicking any of these buttons you help our site to get better