Јас, ти и нашата реалност

„Сè се одвива на сите можни начини со сè. Можното и замисливото се исто, но и различно.
Секое нешто е дел и целина.
Бесконечно мало и големо е.
Исто со секое друго нешто, а различно.
Безвремено, а временски определиво.
Предвидливо и непредвидливо, на совршено егзактен, веројатносен и непостоечки начин.
Со и без сетила.
Поседува и не поседува секаков вид свест; сонува и в будност, дефетист и неизлечлив оптимист е.
Со и без волја е, конечна, бесконечна, бескрајно мала.
Истовремено толкува и доживува објективна и субјективна реалност, којашто ја создава и уништува, експлоатира, за која не знае.
Но и неистовремено.
Има контрасти со еднакви и различни величини.
Може и не може да се именува; за него секое писание ја открива врвната, истовремено, најпрофана, мудрост, колку и глупоста, каква таа и да е.
Микрокосмичките и макрокосмичките врски на оној кој расправа за тоа нешто исто така го ограничуваат и го усовршуваат овој втор субјект и објект.
Сè постои и не постои во можностите и неможностите на постоење на безброј и непостоечки број начини. (Нулата и непостоечкиот број се исти и различни на сите можни и замисливи начини.)
Постоењето и непостоењето имаат и немаат смисла, објективна, субјективна, мноштвена, секаква, единствена…; имаат и немаат апсурдност.“

Ова е точна и неточна претстава на реалноста. Совршено и несовршено точна и неточна, докажлива и недокажлива.
Моја, твоја, нам туѓа, на еден, на безброј.
И да се согласиш и да ги негираш, и да се обидеш да ги критикуваш со вонредна прецизност нејзините ставови, ќе направиш нешто што е релевантно и ирелевантно. За мене, за тебе…

red-wheels