Препорака: „Постоење“ (Existence) – Дејвид Брин


Бројот на цивилизации е неопределив, можеби станува збор за милијарди, можеби за ниту една. Сепак, ако ја застапуваме првата варијанта како конечен одговор на прашањето за вонземски живот, чија е вината заради која не сме стапиле во контакт со суштества од други светови? Која е тајната на постоењето и дали човештвото некогаш навистина ќе ја открие?

Астронаутот Џералд Ливингстоун пронаоѓа големо парче вселенски кристал на кој е запишана пораката „Придружете ни се!“, за кој човештвото почнува да се сомнева дека е артефакт од вонземска цивилизација, чија цел е повик за создавање унија на слободните раси.

Се поставува прашањето: ако човештвото еднаш било повикано од вонземските цивилизации, дали (не) било и во минатото, откако постои како цивилизација?

После „Земја“ и „Поштарот“, Дејвид Брин на мајсторски начин, преку повеќе индивидуални приказни се обидува да одговори на овие и многу други прашања кои се надоврзуваат на прашањата и одговорите од овие 2 книги, воедно поставувајќи нови, истовремено и повторно понудувајќи одговори.

Нешто потоа, во 2050 г., новиот спорт на супер-богатиот спортски ентузијаст Hacker Sander со име Aficionado ќе го одведе на работ од смртта, после еден катастрофален пад на леталото.

Единствена надеж за спас? Интелигентни морски суштества со свои тајни потреби. Покрај овие, се испреплетуваат уште неколку приказни кон кои верувам дека нема да останете рамнодушни и затоа, доколку себеси се гледате како sci-fi фан, тешко дека би можеле да го одбегнете ова четиво, кое од пред неколку дена може да се купи преку Amazon.com, а допрва претстои да се промовира низ повеќе градови ширум САД.

Убаво читање!