Поучна приказна – Човекот којшто многу сакал грозје

Spread the love

Еден човек кој живеал во ладните предели на Алјаска во една прилика пробал мошне вкусна сорта од грозје што му ја испратил некој пријател кој живеал во местото Фресно во Калифорнија.

На човекот од Алјаска толку му се допаднало тоа грозје, што си нашол работа во Фресно, каде што во изобилство растат разни сорти грозје и засекогаш ја напуштил Алјаска.

По доаѓањето во Фресно, човекот од Алјаска бил повикан на гости кај пријателот каде што младата жена му донела од грозјето што тој толку многу го сакал. Бил избезумен од радост и додека брзо џвакал и го голтал грозјето, рекол: ,,О, ви благодарам, од сето срце ви благодарам. Токму поради ова грозје јас и ја напуштив Алјаска,, .

,, Добро, господине, ќе имате грозје колку што ќе посакате. Јас сум сопственик на лозјето и секој ден ќе ви носам многу грозје,, , рекла жената.

Следното утро дошла во куќата на човекот од Алјаска и му донела голема количина грозје. Човекот од Алјаска, чиј желудник сè уште го немал сварено грозјето кое лакомо го јадел претходната вечер, излегол од куќата проѕевајќи се. Скокнал од радост при помислата дека ќе го јаде сето тоа грозје  што му го донела жената.

120925_Grapes

,,О, колку е убаво да се има толку многу грозје! Многу сум среќен. Ви благодарам, ви благодарам,, , повторувал човекот. Изел малку од грозјето во писуство на жената заради учтивост, иако во устата сè уште го чувствувал  вкусот на несвареното грозје во својот желудник од претходната ноќ. Кога жената заминала, тој со лаком поглед се насладувал со грозјето. По еден час почнал повторно да јаде. Цел ден јадел само грозје и ништо друго освен грозје..

Следниот ден, уште во раните зори, младата жена дошла со уште поголема количина најубаво грозје од своето лозје и го повикала повторно човекот. Сè уште недорасонет, со помал елан и по малку лут што го разбудиле од длабокиот сон, човекот учтиво се насмевнал и ја поздравил младата жена: ,, Ве поздравувам, добра жено, и ви благодарам за ова прекрасно грозје,, .

И третото утро жената донела многу грозје. Човекот, пак недорасонет, одвај насмевнувајќи се, ја поздравил жената и рекол: ,,Госпоѓо, убаво е ос ваша страна тоа што ми го носите ова грозје, сè уште имам од она што ми остана од вчера,, .

Четвртото утро, жената повторно дошла кај него и му донела голема количина грозје. Тој мрзоволно станал и без насмевка на лицето ја поздравил жената велејќи: ,,Ах, повторно грозје. Убаво од ваша страна тоа што ми носите грозје, но јас веќе имам доволно,, .

Меѓутоа, не верувајќи во неговите зборови и мислејќи дека тој тоа го кажува само за да не се наметнува, петтото утро жената му ја донела најголемата количина од грозје дотогаш и тропнала на неговата врата. Тој скокнал од креветот како да здогледал некој дух и извикал: ,,Ужас, госпоѓо, грозје, грозје… По ѓаволите, пак грозје!,, Жената се намевнала и рекла: ,, Добро е тоа што ми кажавте дека не го поднесувате грозјето. Се надевам дека поради вас нема веќе да останувам без грозјето кое можам да го продадам,, .

Оваа приказна ни покажува дека не е добро сето она што го има премногу. Колку и да е нешто пријатно, ако претерате во него, тоа престанува да биде задоволство и наместо тоа носи болка.

Затоа, запомнете: не претерувајте ниту во јадењето, ниту во спиењето, ниту во работата, ниту во општествените активности, ниту во што и да е друго, независно од тоа колкаво задоволство ви нуди, затоа што претерувањето не носи ништо друго освен несреќа.