Игрите и играчките се важни во развојот на децата

13821_deca_ifИграта е основната активност во годините на развој на детето, и има голема образовна дејност.Еден од најважните начини со кој детето учи да се развива и да започне да практикува вештини е играта. Играта го стимулира детето умствено, физички  и социјално но и ја зајакнува способноста за набљудување и концентрација можноста детето да игра со различни играчки и предмети ја зголемува желбата кај детето да се изразува подобро да ја зголемува кординацијата и да ја стимулира творечката способноста и имагинацијата.Детето се помош на играта и играчките е поттикнато да ги научи и разликува формите, боите, големината, звуците, тежината и безброј други важни елементи.Голем број на психолози сметаат дека играта е таа која ја трансформира агресивноста во креативност и му помага на детето да се избори за своја независност, а исто така и да се справи и да ги надмини стресните ситуации.

Денес на пазарот има огромен број на играчки, но многу важно е да знаеме која играчка треба да ја одбереме за своето дете. Најдобар избор на играчка не е онаа која само се соодветствуваат на возраста на детето и на неговите можности, туку е онај избор каде што играчката ќе може да се користи на повеќе од еден начин, а со самото тоа најдолго ќе го задржи интересот кај детето.Играчките треба да бидат од едукативен карактер исто така треба да се обрне внимание на тоа дека ако играчката е предвидена за поднапредна возраст, детето брзо ќе се разочара од неа и ќе ја зафрли и повеќе ќе сака да си игра со кутијата од  играчката одколку со самата играчка, а исто така премногу едноставните играчки за брзо време ќе му станат досадни.

PERITE-IGRACKE-REDOVNO

Детето има потреба од разновидни играчки,а и самостојна и групна игра. Играчките кои се препорачуваат се: дрвени коцки, бежични телефони, играчки кои се звучни и други. Исто така е важно да се наведе дека родителите треба да ги избегнуваат стереотипите за машки и женски играчки, не треба да постои разнополов пристап кога избираме играчки затоа што голем дел од момчињата сакаат да си играат со автомобили, а повеќето девојчиња сакаат да играат со кукли, барбики и друго.

Во периодот 15-18 месеци децата пројавуваат љубопитност и се обидуваат да истражувааат. Во овој период најдобро е да снабдите детето со голема кутија полна со најразлични безопасни работи (не само играчки) за да ги извлекува претерува по нив, по сопствена волја. Исто така во овој период детето ќе се мачи да ја усоврши вештината на движењето па затоа играчките што бараат влечење и туркање ќе му бидат од голема полза.058879 Fisher-price 1---3-godine

2 години-во овој период детето ќе ги има усовршено вештини за движење и ќе се радува да шутира и фрла топка, да твори на хартија, да учествува во игри во кој е потреба имагинација. Во овој период омилени играчки се: музичките играчки, барабанчето, телефонот, топка, сервис за чај и друго.

3 години-на оваа возраст детето сигурно ќе ги контролира рацете ќе предпрочита да реди коцки, разгледува книги, бои, да игра со тесто, а со самото тоа му се потикнува кординацијата и креативноста. Соодветни играчки се: нишалки, коњче што се лула, велосипед со помошни тркалца, алишта за куклите и мечињата и друго.

4 години– во овој период детето ги има усовршено моторните и социјалните вештини кординацијата и јазикот.На оваа возраст детето е најљубопитно ќе сака да сече слики од списанија, да прави колажи, ќе го интересираат играчки кои се движат на струја и батерии и друго.

Исто така во овој период се почесто ќе можете да го забележите своето дете како разговара и си игра со имагинарни предмети, се повеќе му се допаѓа да влезе во улога на возрасен.

За зеница.мк

Сања Ристеска,

училишен психолог