Виц на денот

smiley

Убав сончев есенски ден. Излегол Трпе со своето мало синче да се прошетаат низ парк. Шетајќи така, цело време покрај нив поминувале млади згодни девојки и Трпе едно време не можел да се воздржи па прокоментирал:

– Еј ама згодна пичка.
– Шо рече тато?
– Реков „ама згодна птичка“.
– А, каде е птичката тато?
– Ене ја на дрво.
– А, каква птичка е тоа тато?
– Канаринец сине.
– А која боја е канаринецот?
– Жолта.
– А, целиот е жолт?
– Не е, крилата му се црвени.
– А, зошто има црвени крила тато?
– Па, затоа што јаде стоногалки.
– Тато, а стоногалките стварно имаат сто нозе?
– Не баш сто, ама имаат многу нозе.
– Колку многу тато?
– Сине реков „пичка“.