Искористете ја можноста да работите за НАСА: “NASA Space Apps Challenge” по трет пат во Македонија

Не ја пропуштајте можноста да бидете дел од најголемиот интернационален хакатон во светот во организација на NASA “Space Apps Challenge 2015”. На овој настан учесниците од целиот свет ќе имаат можност да соработуваат и заеднички да креираат решенија за поставените предизвици во областа поврзана со животот на Земјата и воопшто во вселената.

Овојпат Скопје претставува лидер во регионот, но и во Европа, и токму поради оваа причина НАСА одлучи градот Скопје да биде координатор на сите настани во Европа.

Хакатонот по трет пат се организира во Скопје , а за првпат во уште три локации Битола, Охрид и Тетово.

наса слика

Интересниот дел од натпреварот е тоа што младите иноватори ќе имаат временски период од 48 часа непрекинато да работат на предизвикот поставен од НАСА. Минатата година, тим од Македонија го зема второто место на овој светски познат натпревар.

Учесниците ќе имаат можност да соработуваат со искусни ментори од техничките и природно-научните факултети, а во работата ќе им помагаат  претставници на компаниите и од ИТ индустријата.

Секој може да земе учество во настанот и да го сподели своето искуство, знаење  и вештини во тимот. Учесниците ќе имаат пристап до open source материјали кои ќе бидат приложени директно од  NASA.

Не се двоумете и пријавете се на настанот со клик тука.

Учествотот на Македонија на натпреварот е уште еден доказ дека нашата земја има развиено информатичко општество  и постојано работи на продуцирање на млади кадри.