Игнорирај ги хејтерите – писмо на Ајнштајн до Марија Кири

KU3.2.4_Curie-1Во 1911 Марија Склодовска-Кири ја доби Нобеловата награда по Хемија.

Со тоа стана единствената личност која по втор пат го добила ова признание во 2 различни области, откако во 1903-та стана добитничка на Нобеловата награда за Физика.

Пјер Кири умре во 1906-та, оставајќи ја Марија како вдовица. Неколку години подоцна, Марија имала љубовна врска со Пол Лангевин, докторски студент на Пјер. Иако Лангевин бил одвоен од својата жена, формално останал женет, а врската со Марија Кири предизвикала невидени реакции во јавноста.

Кири, Лангевин и уште 20-тина други научници биле поканети на елитна конференција во Брисел во есента 1911. За тоа време, љубовни писма разменети меѓу Марија и Лангевин биле дадени на уредници на тогашните медиуми од страна на жената на Лангевин, која ја опишувала генијалната научничка со најпогрдни зборови.

Откако Марија Кири се вратила во Франција веднаш по конференцијата, била „поздравена“ од група гангстери кои и ја опколиле куќата и и ги преплашиле двете мали ќерки, едната 7-годишна, другата 14-годишна.

Преплашена од овој настан, Марија заедно со своите ќерки се преселила кај пријател се’ до завршувањето на аферата.

Алберт Ајнштајн, згрозен од дејствата на медиумите и штотуку запознаен со Марија Кири на конференцијата во Брисел, во знак на одбрана и напишал писмо:

einstein maria curie

Related Posts

Поддржете не' со клик на Like копчето ↓

Ни значи вашата поддршка ??


This will close in 59 seconds