Промоција на романот „ Тамбовските снегови ”

Spread the love

12096152_522640191216525_1074340394076874105_nСите љубители на пишаниот збор се срдечно добредојдени да присуствуваат на првенчето на авторката Јована Матевска насловено како „ Тамбовските снегови ”. Романот е приказна сплетена од две паралелни, кои се случуваат во временски оддалечена рамка. Сижето ги следи патешествијата на руско тло и на двете хероини- Матеја и Ирина.

” Бавно ги завртевме главите со очите стрелајќи се. Во црнките му сјаеја Хефестови вулкани. Мене ми ги исончаа образите, потпечувајќи ми кожно црвенило. Кога цициски се насмевна, велам скржаво, бидејќи не ги покажа порцеланските камени блокови во уста, му се отскрија и двете јами на долната половина на образите. Дупчињата беа како создадени да ги отпечатам внатре палците, нежно да му ја опфатам главата, да го наведнам како Снежана од истоимената бајка и да му бакнам чело. Сакав да му останам чивија. “

y87o7t

Имено, од самиот почеток на романот „Тамбовските снегови“ се добива впечаток како романсиерката Матевска да ја носи целата приказна уште во првите страници, но таа постепено нè воведува низ страниците на романот како водич во имагинарно археолошко наоѓалиште каде што треба да се пронајдат скриените вистини со неколку децении. Трпеливо дотурајќи му гориво на фабулата, внесува дел од личните идеи и убедувања, искажувајќи ги низ битолскиот дијалект и сленг што му овозможува на читателот да чувствува една фиктивна блискост со авторот од една страна и леснотија во исчитувањето на редовите од друга страна.

Вратите на возбудата, Матевска ги отвора преку случајното пронаоѓање на еден стар дневник од страна на главната хероина Ирина, во куќата на нејзината мајка, што долги години скриен под една штица на подот ги чувал тајните на младоста, на чија насловна страница е испишан текст на италијански јазик со мистериозна со-држина: „Нотесот ги крие најголемите тајни од човековата судбина. Најдлабоките места во срцето, каде ниедно уво не може да ги дослушне пулсирањата на вљубената и ранета душа.“, стои во освртот напишан од страна на рецензентот, м-р. Никола Илијовски.

8p9

Книгата е своевиден патепис кој подобро од сателитска мапа ќе ве воведи низ уличките и монументите на Тамбов. Епилог од кој снежат и очите.

” Пред нас се постилаше бујна вегетација со зелени то-нови кои ги одмараа очите и го релаксираа умот. Водата призрачно ги издаваше амебовидните алги што или плу-таа над езерската шир или беа укотвени за дното и само со камшичестите врвчиња ја скокоткаа мазната површина. Дрвјата во разгранување се отсликуваа врз природно со-здаденото огледало, со температура пониска од 10 сте-пени целзиусови. Потпрена на лактите кои се содираа од нерамното земјиште уживав во ова засолниште на жаби и поубав плагијат на барите во мојата родна Паланка. По водата пуштивме неколку лисја да пловат и им го сле-девме текот сè додека не ни се изгубија од вид. Откако останавме сами двајцата без наумици за детски будала-штини и собрани предвремено оплодени производи на Создателката зеев како комарецот што упорно се обиду-ваше да ми земе примерок од крвта. “

Зима која покрај неизбежниот гурмански мелем ќе сакате да ја поминете со романот во раце.

Македонски ракурс за руските убавини.  Задолжително!

12068960_10204634944104681_4182118534653181811_o