МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП – јануари 2016

 

Пишува: професионален астролог Снежана Штрковска

Полна Месечина –  24 јануари; ноќ без Месечина – 10 јануари; Сонце влегува во Водолија – 20 јануари; Јупитер тргнува ретроградно – 8 јануари; Венера во Јарец – 23 јануари. Направете комбинација на толкувањата за вашиот знак и за подзнакот.

*Ако сакате да дознаете повеќе што ве очекува во тековната година, кликнете и нарачајте соларен хороскоп.

ОВЕН – Работа и пари се во центарот на вниманието за вас, драги Овнови, на самиот почеток од новата година. На работа ќе бидете активни, бројни документи, разговори, мејлови, ќе чекаат на вас. Доколку не сте вработени, сепак ќе бидете ангажирани некаде за нешто. Секојдневните обврски се зголемени, а можноста да треба да правите по двапати нешто исто, ќе ви оди на нерви, или ќе ве забавува, зависи од вашиот подзнак. Парите ги очекувате или ќе ви доаѓаат од неколку извора. Доколку претходно имавте проблем да наплатите пари или да дојдете до некоја сума што ви била ветена, сега се отвораат можностите тоа да се заврши полесно. За љубов, кон крајот на месецот ќе сретнете симпатична особа преку работа, за која ќе сметате дека е вредно да се потрудите.

БИК – Љубовта е активирана во вашиот живот, како и можностите кои се пружаат пред вас. Додворувачи, симпатии, бивши, сегашни, идни – во еден момент нема да знаете за што и за кого да се решите. Ненадејна средба ќе ве остави без текст. Сепак, особа која е енергична, сигурна во себе, амбициозна и/или особа која носи униформа, ќе заземе поголем дел од вашите мисли. За работа, постои можност да склучите договор кој ќе биде поволен за вас, или ќе е тоа добра зделка направена со сериозна личност. Како и да е, ќе бидете корисни за бизнисот. За пари – повеќе ќе потрошите во текот на овој месец, отколку што заработувате.

БЛИЗНАЦИ – Значајна средба ќе остварите во текот на јануари, а посебно во деновите околу 9 и 10 јануари ве очекува започнување на нешто ново и долготрајно, што и да значи тоа за вас. За некои припадници од овој знак, тие денови ќе донесат стабилизација на значајна врска во љубовта, а за други, тоа ќе се денови на соработка или партнерски однос за работа. По дома ќе ви биде активно, некакво „враќање“ е поврзано со домашната атмосфера, па ќе биде потребно некакво прилагодување на секојдневието. Мислите ќе ви бидат насочени кон заработување на екстра пари. Ќе имате идеи како да дојдете до нив.

РАК – Влегувате во нова фаза во вашите љубовни и партнерски односи. Ќе се случуваат работи на тоа поле во текот на јануари. Доколку сте во врска, таа ќе влезе во фаза на планирање заедничко живеење. За оние припадници на овој знак кои се сами, јануари ќе е пресвртница. За работа, можни се ненадејни понуди поврзани со пари. Ова би можело да значи дека хонорарно ќе бидете ангажирани да завршите некоја работа за одредена сума на пари, што вас ќе ви одговара. Кон крајот на месецот, ќе се занимавате со наплата на некаков долг, или пак со барање на позајмица од некого или од некаде. Посебно ова ќе е точно за припадниците на овој знак кои повеќе трошат отколку што заработуваат.

ЛАВ – Зголемени обврски ве очекуваат во текот на месец јануари, дел поради работа, дел поради домашни обрвски, но и поради рутински здравствени прегледи. Доколку учествувате во некакви групни активности, во јануари ќе имате повеќе обврски поврзани со организацијата за која станува збор или пак со пријателите, ако таквите активности не се официјални. За некои припадници на овој знак, ова може да донесе и занимавање со здравјето. Што се однесува до финансиите, ќе имате поволен период, кој ќе трае до почетокот на февруари. Можни се дури и добивки поврзани со игрите на среќа во овој период. Купо-продажните договори исто така ќе се реализираат лесно. За цело ова време, вашите мисли ќе се романтично обоени.

ДЕВИЦА  – Враќање на нешто или на некого во вашиот живот ќе биде најзначајното за вас во јануари. Некакво спојување со некого или со нешто од минатото ќе ви донесе насмевка на лицето. Финансиите ќе ви течат мазно, и пари нема да ви недостасуваат во текот на јануари. За работа, ве очекува период во кој ќе имате потреба да повторите некои постапки, активности или договори и разговори, па ќе почувствувате потреба да анализирате или длабоко да промислите пред да преземете нешто. Можни се нервозни убедувања со некого, како и криза на мислите во еден период од месец јануари. Не е чудно некој да ви сервира лажни информации.

ВАГА – По дома ќе ви биде раздвижено во текот на јануари поради некоја причина, а можно е некој да ви дојде и да остане на повеќе дена. Некоја ситуација од минатото се повторува, а вас ќе ве најде неподготвени. Можни се нервозни ситуации со финансиите, но не плашете се да се изборите за она што ви припаѓа. Посебно внимавајте да не бидете излажани за пари, што ќе ви предизвика дополнителни нервозни ситуации додека да се расчисти сето тоа. Ќе се обелодени нешто поврзано со некој од вашите пријатели, или пак со некоја ваша групна активност.

СКОРПИЈА – Марс влегува во вашиот знак на 3 јануари, и ќе ви донесе дополнителна енергија. Добро е да ја трошите на активности како спортување, на пример, но внимавајте од преголемата енергија да не се повредите самите себеси. Финансиите ќе ви одат од рака, а можно е да добиете неочекувани подароци, како вредни предмети или пак подарок во пари. Ќе бидете немирни со духот, ќе дискутирате за важни теми, ќе се спротивставувате, но најмногу ќе сакате преку разговорите да дознаете информации што сметате дека ви се потребни. Во деновите околу 18 јануари можно е да бидете критикувани од некого, посебно од особа која нема вистинско познавање во врска со она за што ве критикува.

СТРЕЛЕЦ – Работа, кариера, пари, себепромовирање – тоа се областите кои ќе го окупираат вашето внимание. Можни се понуди за работа или за дополнителна работа, а некоја од понудите ќе ви донесе вистински успех. За повеќето од вас, финансиите ќе зависат од тоа колку сте сработиле. Можно е во еден период парите да ви доаѓаат со помош на некој од пријателите. Исто така нагласен е за вас и некој голем одлив на пари, што не е чудно доколку купувате нешто вредно. Јануари исто така ќе е месец кога ќе бидете помалку настроени кон расправии и докажување.

ЈАРЕЦ – Очекувајте зголемена активност на сите полиња во првиот месец од новата година, а посебно ќе ве окупираат прашања поврзани со работа, секојдневие, интернет, странци, пари. После 23 јануари, на дневен ред ќе дојдат и темите деца и забава. Ќе започнете нешто ново во јануари, за работа или во љубовта. Ќе ги менувате идеите, плановите и мислите, ќе откривате нови полиња на интерес, а доколку убедувате некого да се согласи со вас, тоа ќе го правите нервозно и итро. Можно е да подучувате некого во нешто. Зголемени се шансите да стекнете наклоност од лица кои ви се претпоставени, или се на повисока скала од вас. Со пријателите ќе ви биде напорно, но ќе бидат на ваша страна кога ќе ви затреба нивната поддршка.

ВОДОЛИЈА – Во текот на првата половина од месец јануари, многу ќе размислувате за некои настани и реакции, ваши или туѓи. Можно е да се дознае нешто што вие би сакале да остане скриено. Туѓи пари ви стојат на располагање, било да се работи за наплата на стар долг, позајмица, подарок, кредит. Што и да е, можноста да ги земете парите ќе потрае до почетокот на февруари. Работата ќе ви тргне, и ќе си ја работите со повеќе задоволство. Иако на моменти ќе ви биде напорно, вашите амбиции ќе се зголемат, како и можностите да остварите повеќе за исто или пократко време. Некое пријателство станува поцврсто во текот на јануари.

РИБИ – Луѓе кои живеат во странство ќе ви бидат важни заради нешто во текот на јануари. Ако очекувате порака, околу 18 јануари е добар приод за нешто такво. Пријателите ќе играат важна улога во вашиот живот, како и комуникацијата со некој од претпоставените. Групни активности се нагласени, па доколку сте дел од некаква заедница, слободното време ќе го минувате со нив. За љубов, можно е да ве обземе некоја бивша или изгубена љубов: вие ќе сакате да бидете повторно заедно, или пак бившата љубов ќе ве побара. Ако веќе сте во врска, средба или информација за љубов од минатото ќе ви ги активира спомените, што не мора да доведе до реализирање на нешто поконкретно.