ОТВОРЕН ДЕН низ Државниот Архив на РМ

По повод 15 години од постоењето на Википедија, Државниот Архив на Република Македонија (ДАРМ) во соработка со матичниот Википедијанец во ДАРМ, организира „ОТВОРЕН ДЕН“ низ Архивот.

На ден 15 јануари 2016 година (петок), со почеток од 14 часот, во Државниот архив на Република Македонија ќе се одржат неколку интересни настани, и тоа:

14:00 – 15:00 часот = прошетка низ Архивот, низ која ќе имате можност да се запознаете со работата и големината на оваа институција. Ќе имате можност да видите дел од архивското богатство, а исто така и да купите некое од изданијата на ДАРМ по промотивна цена.

15:00 – 17:00 = Дискусија на тема Википедија, кратка обука за уредување, како и заедничко уредување за присутните Википедијанци и оние кои сакаат да ја уредуваат Википедија.