Стрелката на „ЧАСОВНИКОТ НА СУДНИОТ ДЕН“ поместена понапред

 

Научник пред Часовникот на судниот ден

Само еднаш во поновата историја, светот бил поблиску до уништување од денес, објавиле научниците на настанот „Bulletin of the atomic scientists“, собир на одговорните за поместување на минутите на т.н. „Часовник на судниот ден“.Стрелката на часовникот ќе се помести 30 секунди понапред, што значи дека светот ќе биде две и пол минути оддалечен од „полноќ“, односно од катастрофата. Само еднаш претходно стрелката била поблиску до „полноќ“ и тоа во 1953 година, кога САД одлучиле радикално да го засилат нуклеарниот асренал со хидрогенската бомба. А одбројувањето почнало во 1947 година…

„Часовникот на судниот ден“ научниците го осмислиле како наједноставен начин на доловување колку Земјата и човештвото се во опасност од нуклеарното оружје, но и од другите чинители како што се климатските промени.

Во соопштението на „Bulletin“ се објаснува што довело до поместување на стрелката од часовникот:

Тероризмот што вклучува нуклеарен и радиолошки материјал останува најголемата закана за човештвото и глобалната стабилност. Во целата приказна совршено се вклопија САД и Русија со нивното нуклеарно вооружување. Тие две држави имаат 800 боеви глави подготвени за лансирање.

Последен пат стрелката била поместена во 2015 година, кога се приближила на три минути до „полноќ“. Најдобра состојба на стрелките имало во 1991 година, кога „Часовникот на судниот ден“, по завршувањето на Студената војна, застанал на 17 минути до апокалипсата. Повторно бил поместен во 1995, кога се приближил на 14 минути.