Длабоко од душата (поезија)

Spread the love

deep sea

Ти си ноќ.
И ѕвезда водилка.
Сееш светло во темнина
и топлина во душава.
Ти си песна.
Што нема крај.
Влеваш надеж во небиднина
и не се плашиш од иднина.
Ти си чудо.
И земен восхит.
Будиш љубопитност
и одгатнуваш мистерии.
Храниш со зборови,
голташ со очи.
Будиш восхит
одземаш здив.
Ти си болка.
И откровение.
Отвораш заспани очи
и рушиш наталожени превези.
Ти си спас.
И прибежиште.
Влеваш спокој во бури
и пливаш во море од бранови.
Пратен од Ангели
од безброј патеки изодени,
носен од ветрови,
постоиш во сите мои зборови.
Ти си вистина.
И носиш светлина.
Рушиш мостови од камен
и преминуваш бариери
со само еден чекор,
со само еден допир.
Ти си море.
И носиш бранови.
Потонувам во тебе,
наоѓајќи спокој,
препливувајќи бури
испливувајќи со спомени.
Ти си живот.
И цел универзум.
Присутен во сите можни песни,
опеан во стихови,
оживеан во раскази,
ти си бесмртен.