Климатските промени предизвикуваат кошмари

Докажано е дека климатските промени можат многу да влијаат врз животот на луѓето.
Почнувајќи од менување на расположението во текот на денот дури до влијание врз квалитетот на сонот како што покажала најновата студија.
Истражувањето било спроведено со учество на 765.000 жители на САД од 2002 до 2011 и се заклучило дека порастот на температурите од еден степен предизвикува луѓето полошо да спијат.

Доколку претпоставиме дека Земјата ќе продолжи да се загрева наредните години, што не е невозможно, проблемите со лошиот сон ќе го имаат неколку стотина милиони луѓе.
Повеќето луѓе се соочуват со овој проблем. Во лето кога е жешко се спие полошо и тогаш има три пати повеќе бессони ноќи за разлика во студените месеци.

Научниците кои ја правеле студијата откриле интересни податоци, како на пример дека луѓето чии приходи се помали од 50.000 долари годишно имаат три пати повеќе шанси во текот на месеците со високи температури (летните месеци најчесто) да имаат неквалитетен сон.
Исто така, оние кои се постари од 65 год се двојно повеќе изложени на овој проблем кога температурата е повисока од нормалната.

Image result for lack of sleep picture

За добро здравје потребен е квалитетен сон со оптимално поминати часови во спиење без прекинувања. Авторите на студијата велат дека појавата може да резултира со намален имунитет и развој на хронични болести и исто така можат да бидат оштетени и когнитивните функции.

На следниот линк можете да го погледнете видеото со податоците од истражувањето:
https://www.usatoday.com/videos/news/nation/2017/05/26/study-climate-change-disrupting-your-sleep/102168552/

Иако истражувањето е спроведено само врз испитаници од Америка, но целиот свет е изложен на последиците од глобалното затоплување.
Доколку тоа не се намали штетите можат да бидат уште поголеми врз здравјето на луѓето.