ДПМ: Потребна е промена и преиспитување на лектирите за основно и средно образование

Spread the love

Денешната тема за расправа на редовното Годишно собрание на македонската писателска асоцијација која беше одржана денес (четврток) во 13 часот ќе ја започне претседателот на ДПМ Веле Смилевски.
Ќе се дебарита за актуелните состојби во лектирите кое се исклучително важен сегмент во образованието на новите генерации.

download

„Друштвото на писателите на Македонија оценува дека содржината на лектирата во голем дел е застоена и не кореспондира со вистинските потреби на образовниот процес и на интересирањата, нивото и сензибилитетот на новите генерации ученици од основното и средното образование“, соопшти ДПМ.

Од Министерството за култура и од МОН ќе биде побарано да ги употребат своите механизми, со учество на независни експерти од областа на книжевната наука и образованието, да направат разгледување и анализа на лектирата според естетските и педагошките параметри во духот на современиот образовен систем, како и ослободување на изборот на авторите и делата од било какви идеолошки и други нелитерарни мотиви.

Од ДПМ велат, меѓу другото, дека оваа иницијатива ќе придонесе и за афирмација и доближување на вредностите на литература што се создава на македонски јазик и на јазиците на националностите до младите читатели, во контекстот на книжевните вредности од светот.