метални луѓе поезија

Метални луѓе (поезија)

Spread the love

Метални луѓе оживуваат мрак во меѓупросторот на подрумите

еден злодух протеран од платната на далечните кина

ја чекори темнината откај хоризонтот

и ѝ налева оган од зората што треба да стигне со небесните лулашки

во вените ни течат транзиентните зраци на суперновите

Смртта долетува со насмевка што го носи сјајот на детството

Живот е името на мојата вечна судбина

Стравот е мигновена илузија во недостиг од

месечева светлина што ги бои морињата во Космос.

Зарем не е само живот

тоа што совршени правоаголници се лизгаат по улици од челик

(Најскапо продадена е заблудата дека

линијата што ја дели нашата земја од туѓите неба е хоризонтална)

зарем не сум само Адам пред Падот

тоа што се гледам во одраз на илјада блескотни срчи

претопен во Едно од премногу љубов

го гледам најтажниот космички ангел и му го подавам

најскапиот опиум од екстракт на чист брахман

сигурно не се сметаат за автоканибализам

два-три гриза од сопствената светлина

колку да

колку да се разбие монотонијата на тоа

да не се биде божество

божество во оваа сакрална аритметика на репетиции

и монолози на тунелски сенки.

метални луѓе