Италија заблеска во празнична атмосфера со Божиќните елки што носат вистинска магичност

Уште од 1854 година, папата Пие Деветти потпиша документ во кој се прогласува китењето на божиќната елка во Италија на денот на „Безгрешното зачнување“.
Оттогаш овој ден е прогласен за неработен, за семеен и хармоничен собир кога сите учествуваат во китењето на елката. За Италијанците тоа е свечен ден и го прославуваат како голем религиозен празник на кој главен симбол е традиционалната елка и украсувањето на домовите.
На овој ден во целата држава, сите плоштади, улици и објекти заблескуваат со новогодишни светилки што ја зголемуваат празничната магичност и обоеност на градовите. Особено значаен е проектот „Божиќ на дрвја“ осмислен од Марко Блик – креативен директот на „Балик Ворлдвајд шоус“ со кој во Милано, на уникатен и иновативен начин се осветлуваат „21 божиќно дрво“ што ќе блескаат се до шести јануари.

Исто така 45 елки се распоредени низ повеќе делови од градот, кои по завршувањето на празниците ќе бидат засадени во општинските паркови и ќе донесат поголемо раззеленување. Осветлувањето на Божиќната елка е дел и од традицијата во Рим, каде градоначалничката Вирџинија Раџи свечено го одбележа римското Божиќно дрво на Пјаца Венеција, а исто така беа празнично осветлени и Виа дел Корсо како и лајт шоу на Пјаца Навона.

Марко Блик изјави: БОЖИЌНИТЕ ДРВЈА ПОКАЖУВААТ НА КОЈ НАЧИН ГРАДОТ ОДЛУЧИ ДА РЕАГИРА ВО ОВОЈ ТЕЖОК МОМЕНТ, СО ОВОЈ НОВ ФОРМАТ КОЈ НОСИ КРЕАТИВНОСТ ОД ЦЕНТАРОТ ДО ПЕРИФЕРИЈАТА, И НЕ СЕ РИЗИКУВА СОБИРАЊЕ КОЕ НЕ Е ДОЗВОЛЕНО“, а исто така додаде дека креативноста ја претставува душата и иднината на градот заедно со модата и дизајнот во овој посебен момент кога имаме одговорност да создадеме радосни моменти кои се посветени пред се на лицата кои го избрале Милано како град во кој сакаат да живеат во моментот.
Со оглед на моменталната ситуација од Ковид – 19, пред болницата на саемот на градот Бергамо, како симбол за борба и надеж, беше осветлена посебна елка до девет метри, а на Пјаца Виторио Венерто беше накитена елка наречена „Дрво на надежта“.
И други италијански градови добија свои елки како обележје за секој град, што ја доловува празничната атмосфера и буди пријатни и позитивни чувства кај народот што сè уште е меѓусебно растргнат, но прекрасната шарена глетка од светилки носи убави спомени и стремеж за уште поубави денови.