Овој декемвриски викенд, предлог поетска книга: „Ветена земја“ – Стефан Марковски

Декември е убав месец, особено за редовните читатели на книги кои уште поубаво го доживуваат. Празнични светилки, топло чајче, кафе или салеп, божиќни колачи, фотографија до елка и добра книга, како на пример поезија. Насловот „Ветена земја“ звучи интересно и примамливо, а уште поинтересни се стиховите што се нижат од перото на  современиот македонски автор – Стефан Марковски.

            Мелодичноста на песните е во корелација со еластичната стабилност на стиховите кои пленат со неологизми и силни метафори кои изникнуваат во имагинарноста на поетот Марковски кој ги приближува свесното и потсвесното до степен на непрепознавање.

        Вреди да се прочитаат и анализираат филозофските стихови полни лиричност и синестезичност преку кои се засилуваат поетските слики што се особено силно изразени и во насловите, како на пр: Тишината е празен лист ; Ода на слободата ; Сонозреание ; Eрос, ти ; Хипербог…

            Поетската книга „Ветена земја“ е меѓу меѓу највисоко рангираните поетски збирки на Амазон, (каде беше објавена минатата година) и го достигна 12. место, во друштво на европските поетски класици.         

Сè што ви треба во овие моменти е да се ослободите од реалноста, да излезете од планетата Земја и да ја посетите „Ветена(та)земја“ на младиот Стефан Марковски, која може да ја најдете (англиската верзија) на повеќе е-платформи достапни ширум светот, како Amazon, Barnes and Noble, Booktopia, Kobo, Mondadori, Adlibris итн.

Во прилог е македонската верзија на книгата „Ветена земја“ која можете да ја прочитате бесплатно.

Поддржете не' со клик на Like копчето ↓

Ни значи вашата поддршка ??


This will close in 59 seconds