На Бадник се одржа концерт во катедралата Нотр Дам

Секоја година во париската катедрала Нотр Дам (изградена 13 век) се одржува хорски концерт за Бадник, па така и оваа година. Концертот беше снимен во текот на месецот, а беше емитуван на француската телевизија синоќа, пред полноќ, пренесува „Ројтерс“.

Ова е прв концерт во Нотр Дам откако во април 2019 беше зафатена со пожар што предизвика уништување на покривот и кулата.

Беше многу трогателно, првпат бевме сите во Нотр Дам од пожарот, па моментот беше многу емотивен“, изјави виолончелистот Готје Каписон.

Катедралата е сè уште во фаза на реконструкција па затоа и членовите на хорот носеа заштитни маски и кациги.

Беа изведувани класични дела од Моцарт, Шуберт и некои полесни новогодишни репертоари како „Џинг Бел.“

„Катедралата ќе се реконструира во рок од пет години, но досега најголемиот дел од работата беше насочен кон подобрување на безбедноста во зградата, вклучително и расчистување на токсичното олово од покривот и кулата кои се стопија во огнот“ изјави францускиот претседател Емануел Макрон.