Вистинската среќа

Има луѓе коишто својата празнина во животот мислат дека ќе ја надополнат со материјални нешта, трупајќи ги од ден на ден, сè повеќе и повеќе, за да ја задоволат својата жед за среќа. Тоа е исто какао да се обидуваш да ја згаснеш својата жед за вода пиејќи вода од морето. Наместо тоа , тие стануваат пожедни, сè додека еден ден ќе почувствуваат дека пополека умираат од жед.

Вистинската среќа е онаа којашто е внатре во нас самите. Таа не се придобива со поседување на предмети, неа не можете да ја придобиете со било што друго, таа е суштински дел од нашето бите. Нашата природна состојба е да бидеме среќни, а тоа значи дека од нас самите зависи кон што ќе се усмериме, а тоа се вистинските нешта коишто го исполнуваат нашиот дух и нè креваат кон височините.

Вистинската среќа не се придобива, таа е во нас за да можеме да ја споделиме со оние коишто ни значат, со луѓето што ги сакаме, со она со коешто сме способни да воспоставиме хармонична врска во светот во којшто сме.