Одбележана 70-годишнина на книжевното списание „Современост“
Списанието за литература, култура и уметност „Современост“ одбележа 70. години постоење.
Одбележувањето на овој важен јубилеј се поклопи со 100-годишнината од раѓањето на Конески, а се одржа во Домот на култура „Кочо Рацин“ во Скопје. Во негова чест беше промовиран и тематски број од списанието со 35 прилози посветени на неговиот живот и дело.