Бесплатна збирка раскази „Смртта долетува насмевната“

Spread the love

Збирката раскази „Смртта долетува насмевната“ е втора од редот на книги во овој книжевен вид за авторот. За неа, српскиот книжевник Срѓан Тешин го истакнува следново:

„Мигот на спознание, како канонски облик на модерните кратки приказни е главна одлика на кратката проза на Стефан Марковски.
Неговите херои, често и самите писатели, во приказните доживуваат преломни животни мигови од типот на „фатален удар“ кога на невината глава им се срушува строга пресуда заради тоа што создале поетски свет толку различен од стварниот или кога ги прекинуваат три надреални, изненадни куршуми во текот на нивниот јалов обид за дефинирање на модерната поезија.

Јазично и стилски одлично обликувани, а повеќето и изразито духовити, приказните на Стефан Марковски нудат и еден посебен квалитет кој ги одликува само врвните мајстори на раскажувањето: тие секогаш имаат отворен крај, кој на читателите им овозможува бескрајни интерпретативни проширувања, што ги чини интригантни и заводливи.“

Книгата беше добитник на наградите „Крсте Чачански“ (награда за најдобра прозна книга на „Бран“ – Струга) и „Книжевно перо“ за книга на годината надвор од изданијата на Хрватското книжевно друштво.

Збирката е достапна на следниов линк.