Одбележување 75-годишнина од основањето на Друштвото на писателите на Македонија во Гевгелија

Spread the love

Денес, во 20:00 часот на платото пред градската библиотека „Гоце Делчев“ во Гевгелија ќе се одбележи 75-годишнина од основањето на Друштвото на писателите на Македонија.
Настанот ќе биде дводелен, првин е предвидено излагање за почетоците, историјатот, како и актуелните предизвици и работни активности на Друштвото, по што ќе следи поетско читање од страна на повеќе членови на Друштвото. На настанот ќе се обратат писателот и директор на библиотеката Стефан Марковски, членови на претседателството и членови на Друштвото.

Организатор на настанот е ЈОУ Библиотека „Гоце Делчев“ – Гевгелија, а истиот ќе се одржи во склоп на манифестацијата Гевгелиско културно лето 2022 под покровителство на Општина Гевгелија.