Промовирана збирката „Метрички карван: Гевгелија – Куманово“

Во организација на ЈОУ Библиотека „Гоце Делчев“- Гевгелија, на 23.12.2022 се одржа промоција на „Метрички карван: Гевгелија – Куманово“ со поетско читање на застапените поети и поетеси во малата сала на Народниот театар – Гевгелија.
За концептот и филозофијата на збирката со свои кратки излагања се произнесоа директорот на ЈОУ Библиотека „Гоце Делчев“ – Гевгелија, Стефан Марковски и Васил Тоциновски.
Промотор на поетската збирка беше Маја Јакимовска-Тошиќ, професор на ИМЛ, која го поздрави 9-то издание на оваа традиционална збирка со кратко излагање кон стиховите на секој од 10-те поети и поетеси од Гевгелија и гевгелиско, како и 8-те поети и поетеси од Куманово и кумановскиот крај.
Музичката изведба во склоп на промоцијата беше на Теда, а модератор беше Емилија Старделова.
Деветтото издание на збирката „Метрички карван“ беше реализирано со поддршка на Општина Гевгелија во рамки на Програмата за финансирање проекти од областа на културата за 2022 година.
