Отворено писмо до Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска
Почитувана,
По недобиениот одговор од упатената иницијатива за усогласување на платите на директорите на културните установи доставена до архивата на Министерството за култура во октомври 2022 година, го упатуваме ова отворено писмо до вас преку медиумите и јавните гласила.
Имајќи ја предвид постојната разлика на платите во културата, а во корелација со работниот обем и одговорноста на работните обврски, како и ценовната инфлација пропратена од зголемени трошоци за живот, ние долупотпишаните бараме пропорционално усогласување на платите на директорите на културните установи, како и трајно системско решавање на проблемот поврзан со диспропорционалниот однос помеѓу платите на директорите и носителите на дејностите, односно вработените во културата.
Како раководител на надлежно министерство ние, преку ова отворено писмо повикуваме во најбрз можен рок да се организираат работни групи во кои ќе бидеме вклучени и ние, директорите на институциите од културата за решавање на овој проблем.
Скопје, март 2022 година
Директори на јавни установи од областа на културата